Акти


Етичкиот кодекс претставува сет на правила и принципи за професионално однесување кон кој што стоматолозите мораат да се придржуваат со цел да се исполнат одговорностите кон пациентите, јавноста, кон професијата како и кон останатите колеги. Етичкиот кодекс има принципи кои што се од професионална но и од етичка природа. Од професионална гледна точка се идентификуваат основните морални обврски и меѓу другото служи како извор на едукација. Моралните принципи пак, го идентификуваат професионалното етичко однесување на стоматолозите. Затоа можеме да напоменеме дека овој етички кодекс претставува едукациски водич кон однесувањето и изразувањето на стоматолозите и дава посебна вредност на стоматолозите.

Документи за превземање: