Наши цели и визија


 

 

Македонското стоматолошко Друштво (МСД) е најстарото организирано здружение на стоматолозите во Македонија и меѓународно признато и познато стоматолошко друштво со многубројни активности и со своја традиција.

 

 

 

Мисија:

 

Наша мисија е промоцијата на оралното и општото здравје на нашите граѓани, континуираното унапредување на стоматолошката здравствена заштита, воспоставување на соодветна стоматолошка пракса и високи етички стандарди, како и унапредување на угледот и достоинството на стоматолошката струка и практика.

 

 

 

Нашите цели и визија се однесуваат на:

 

-         активно учество во континуираната медицинска едукација (КМЕ) на стоматолозите од Македонија и континуираното стручно усовршување,

 

-         етаблирањето на стоматолошката професија во здравствениот систем,

 

-         нагласената афирмација и постојаното усовршување на стоматолошката професија,

 

-         почитувањето на традиционалните втемелени вредности,

 

-         поттик за следење и почитување на етичките принципи во стоматолошката пракса,

 

-         поттикнување на научно истражувачката работа во сите облици и области на стоматологијата,

 

-         соработка со научно истражувачките и образовни институции од стоматолошката, медицинската и фармацевтската струка, како и сите останати, во земјата и странство,

 

-         објавување на научни и на стручни публикации, брошури за афирмација на целите на МСД,

 

-         предлагање на мерки кои ќе се имплементираат во законските акти од областа на стоматолошката здравствена заштита и

 

-         продолжување на традицијата на организирањето на меѓународен Конгрес на стоматолозите на Македонија.

 

 

 

Тимската соработка во секојдневната пракса ја наметнува и желбата и потребата за проактивно вклучување на соработка со соодветните здруженија на стоматолошките сестри и забни техничари, која ќе се ефектуира со далеку подобро ниво на оралното здравје на популацијата.