IN MEMORIAM - Проф. д-р Алберто Бенедети
Почитувани колеги,
Со голема тага ве известуваме дека денес, 28.01. 2022 год., ненадејно и прерано не напушти нашиот ценет и драг колега Проф. д-р Алберто Бенедети.
Проф. д-р Алберто Бенедети, како редовен професор на Катедрата за максилофацијална хирургија на Стоматолошки факултет при УКИМ, специјалист од областа на максилофацијална хирургија, вработен во ЈЗУ Клинка за хирургија на лице, вилици и врат - максилофацијална хирургија "Академик Илија Васков", Скопје и Претседател на МСД - Здружение на специјалисти по максилофацијална хирургија, со својата стручност и професионален однос даде безценет придонес во струката и науката.
Во името на Управниот одбор на Македонското стоматолошко друштво и специјалистичките здруженија при МСД изразуваме најдлабоко сочувство на семејството, пријателите и колегите.
Вечна му слава.