Почитувани колеги,
Ве известуваме дека врз основа на одлуката која ја добивме од Стоматолошка Комора на Македонија, на настаните кои се организирани од 01.01.2023 година потребно е да имате апликација од Kомората на Вашите мобилни телефони, од каде ќе треба да го скенирате QR кодот кој може да го најдете на апликацијата, кај овластените претставници од Комората кои ќе бидат присутни на настаните.
МСД и здруженијата при МСД продолжуваат со стандардната постапка на регистрација со потписи.
Ве замолуваме да се регистрирате на msd.org.mk во делот пријава за настан 24 часа пред уплата со кирилична поддршка, со цел да може да Ве евидентираме во списоците за присуство.
Со почит,
Управен одбор на Македонско стоматолошко друштво и
претседатели на здруженија при Македонско стоматолошко друштво
Претседател,
Проф. д-р Габриела Ќурчиева Чучкова