ВАЖНО ИЗВЕСТУВАЊЕ

Почитувани колеги,
Со оглед на големиот интерес за симпозиумот со меѓународно учество во организација на МСД-Здружение на специјалисти по максилофацијална хирургија, Ве известуваме дека има уште неколку места до пополнување на бројот.
Регистрациите се затворени, колегите кои сакаат да учествуваат потребно е на уплатницата да ги запишат следните податоци: име, презиме, број на лиценца и е-маил.
На денот на настанот не е возможно да се уплаќа на лице место, уплатите се вршат во банка, пошта или преку електронско банкарство.
Ви благодариме!